Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон си најде нов тренер по разделбата со Нуно Еспирито Санто. „Волците“ постигнале договор со поранешниот тренер на Бенфика, Бруно Лаге и во наредните денови тој ќе биде претставен како нов кормилар на тимот од „Молину“, пренесува „Скај спортс“.
Вулверхемптон заврши на 11. позиција сезонава што е разочарувачки ефект. Новиот тренер Бруно Лаге освои двојна титула со Бенфика во Португалија во 2018/19 кога беше избран и за најдобар тренер таа сезона. Лаге ја напушти Бенфика минатата година, а претходно работеше во Англија како асистент во Шефилд Венздеј и во Свонси Сити.