Се чини дека Англија на претстојното ЕУРО, кое започнува на 11 јуни ќе мора без ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер – Арнолд. Имено бекот на Англичаните синоќа во финишот на пријателскиот меч против Австрија се повреди и мораше да го напушти теренот. Интересно е тоа што селекторот Герет Саутгеј не внесе нов играч, и неговата репрезентација го заврши овој натпревар со десет фудбалери.
Од таборот на Англија потврдуваат дека станува збор за сериозна повреда, веројатно предната ложа и дека Александер – Арнолд го чека пауза од најмалку месец дена.
Тоа значи дека нема ЕУРО за него.
Фото: Twiter England