Добри вести за Македонија: Миркуловски и следната сезона ќе биде играч-тренер во Вецлар

420

За македонскиот репрезентативен ракомет стигнаа убави вести. Филип Миркуловски и во следната сезона ќе биде играчки активен. Повратникот во националниот тим се договори со Вецлар да ги извршува двете функции: играч и помошник-тренер.

Ова значи дека на Европското првенство 2022 година ќе биде на теренот, со неговото искуство Македонија ќе биде посилна.

Миркуловски во Вецлар дојде во 2015 година, тој минатата сезона имаше поинаков договор со клубот, но работите се променија, новата одлука и тоа како е добра за македонскиот ракомет.

ПретходноСтефан Коцев заврши во Косово
СледноДуков ќе „стрела“ за Силекс следна сезона