Зубков и донесе победа на Украина против С. Ирска (ВИДЕО)

346

Прва победа на Украина во текот на подготовките за Евро 2020. По ремито со Бахреин пред неколка дена, нашиот втор ривал во групата на ЕП, вечерва во Дњипро, со голот на Зубков во 10.минута славеше против селекцијата на С. Ирска, и тоа по асистенцијата на Караваев.

Во текот на целиот меч репрезентацијата на Украина имаше иницијатива, многу повеќе шанси и шутеви кон противничкиот гол, но на крајот успеа да победи само со 1:0

Да кажеме дека Украина на Евро 2020 прво игра со Холандија на 13 јуни, потоа со Македонија на 17 јуни, за да на 21 јуни го игра последниот меч во групата против Австрија.

Шевченко овој пријателски меч го почна со Бушан, Караваев, Малиновски, Матвиенко, Миколенко, Шарапенко, Сидорчук, Јаремчук, Јармоленко, Забарни, Зубков. Играа уште и Судаков, Степаненко, Бесједин, Марлос.

Инаку Украина ќе одигра и трета пријателска пред Евро 2020, и тоа против Кипар на 7 јуни.

ПретходноЦела Холандија му се смее на својот селектор!
СледноШампионот денеска се “прозиваше“! (ФОТО)