Конте има нов клуб, го чека голем проект во Премиерлигата!

1637

Антонио Конте, досегашниот стратег на Интер, со кого ја освои и титулата во Серија, се чини дека е на пат кон Лондон. Како што известуваат медиумите во Англија и Италија, а тоа го потврдува и познатиот новинар Фабрицио Романо, италијанскиот стратег ќе седне на клупата на Тотенхем. Романо пишува дека Конте во Лондон го чека голем проект, дека директор ќе биде Фабио Паратичи, досегашниот прв „оперативец“ на Јуве кој доби отказ откако Масимо Алегри се врати во редовите на “Старата дама“.

Конте ќе се прашува за трансферите, секако дека ќе има многу пари на располагање за нови играчи, а негова работа е во блиска иднина да го однесе тимот при врвот на Премиерлигата.

ПретходноГолем удар за Англија: Ѕвездата на Ливерпул се повреди и го пропушта ЕУРО 2020!
СледноХоланѓаните го нападнаа Де Бур за системот 5-3-2, тој вели дека е идеален за оваа селекција