Можеби очекувано, со оглед дека сме дебитанти, но и со голема доза на потценување. Имено според “The Analyst“ Македонија од сите 24 селекции има најмали шанси да го освои европското првенство. Со други зборови, нашата репрезентација била со најслаб квалитет.
На нашите момци им се даваат 0.02 насто шанси да завршат како први, и ние сме на последното место. Нешто подобро стои Словачка со 0.04 насто, а Финска, Шкотска и Унгарија имале по 0.1 насто шанси.
Според овие анализи, прв фаворит е Франција со 20.5 насто шанси да биде европски шампион. Следува Белгија со 15.7 насто, па Шпанија со 11.3 насто шанси. Англија е деветта, со само 5.2 насто шанси за да биде прва на Евро 2020.
𝐓𝐡𝐞 𝐖𝐢𝐧𝐧𝐞𝐫 𝐨𝐟 𝐄𝐮𝐫𝐨 𝟐𝟎𝟐𝟎 𝐖𝐢𝐥𝐥 𝐁𝐞…🔮
We simulated #Euro2020 using our AI team’s model… and the results are in!
🏆 Who’s most likely to be victorious?
🏴 What chance do England have?
❓ Any dark horses?All the results & more, here. ⬇️
— The Analyst (@OptaAnalyst) June 3, 2021