Марјан Илиевски и следната сезона ќе го води Пелистер

613

Пелистер нема да прави промени на клупата и следната сезона. Раководството на клубот одлучи да ја продолжи соработката со Марјан Илиевски, кој поради здравствени проблеми не можеше да го води тимот на крајот на сезоната.

„Пелистер ја информира јавноста дека кошаркарската сезона 2020/21 официјално заврши, а клубот со пласманот во полуфиналето на плеј-офот оствари забележителен резултат. Но, додека кошаркарите се на заслужен одмор, клупската управа започнува да работи околу создавање на компетитивен тим за сезоната 2021/22. Проектот и во иднина ќе се врти околу тренерот Марјан Илиевски, кој многу му недостигаше на тимот во претходните два месеци заради здравствени проблеми.
Сепак, го очекуваме неговото враќање и конструкцијата на тимот за следното првенство. Клубот наскоро ќе ги објави плановите за подготовки за новата сезона, а потоа и деталите околу играчкиот кадар за следната сезона“, се вели во соопштението на КК Пелистер. 
ПретходноШвајцарија го распарчи Лихтенштајн со 7:0, а шест гола му даде во вториот дел!
СледноПрилеп остана во Супер-лига!