Нашите претставници во Европа домашните мечеви ќе ги играат со публика!

592

Секако дека во домашната јавност, посебно онаа фудбалската, во преден план е настапот на Македонија на ЕВРО 2020. Се прогнозира, се анализира што и како од “рисовите“ во својот прв историски настап на едно вака големо натпреварување.

Сепак, ова лето ќе биде интересно и од аспект на нашите клубови кои ќе играат во фудбалска Европа, во квалификациите за ЛШ и КЛ. Пвите мечеви се закажани за 6,7,8 јули. Ако лани се играше само еден меч, и тоа без публика, тогаш ова лето ќе се игра речиси во нормални услови, и тоа со публика. Според најновите мерки во време на пандемијата, спроведени од државните власти, Шкендија, Силекс, Шкупи и Струга ТЛ, кога ќе бидат домаќини ќе играат со публика. И тоа со 30% од капацитет на Арената во Скопје, каде и се играат европските мечеви. Нешто слично како што беше на пријателскиот меч меѓу Македонија и Словенија пред два дена.

Мора се признае дека тие максимални 10.000 гледачи и тоа како може да направат добра атмосфера.

Се разбира под услов да да нема драматично покачување на позитивни на ковид-19 во претстојниот период.

ПретходноШампионот денеска се “прозиваше“! (ФОТО)
СледноУспешен тест за Турција, Белгија одигра само нерешено со Грција (ВИДЕО)