„Не верувам во солзите на Пеп, тој воопшто не го сакаше Кун во својот тим“

431

Серхио Агуеро го напушти Манчестер Сити и замине во Барселона. Аргентинецот по 10 години служба одлучи да си замине од „Етихад“ и од бројните понуди да ја одбере на Барселона каде отиде како слободен фудбалер. Таткото на Агуеро, Леонел дел Кастиљо не верува во солзите на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола кога се раздели со Кун по последниот меч за клубот, оној против Челзи во финалето на ЛШ.

„Син ми до последен момент чекаше сигнал од Гвардиола или од Сити за да го продолжи договорот. Чекаше и ништо не се случи. Јасно е дека мораше да си замине. Среќен е што потпиша за Барселона. Неколку клубови беа заинтересирани за него, Арсенал беше заинтересиран, во последен момент се вклучи и Челзи. Но тој не сакаше да остане во Англија, сакаше или во Италија или во Шпанија. Тој е другар со Лео Меси уште од 15-тата година и кога дозна дека Меси ќе остане во Барселона тој одлучи да отиде таму“, изјави Кастиљо.

„Не верувам во солзите на Пеп. Според мене, тој никогаш не го сакаше Кун. Пеп постојано сака да командува, да биде во центарот на вниманието. Тој вели дека Агуеро е незаменлив, а никогаш не го користеше во екипата. Пеп е добар тренер, меѓутоа често го менува мислењето. Денес вели дека си одличен, следниот ден не те става во тимот. Никогаш не знаеш дали ќе играш или не“, додаде таткото на Агуеро.

ПретходноРОЛАН ГАРОС: Новак сигурен преку Куевас, Федерер го исфрли Чилиќ, елиминација на Монфилс
СледноОФИЦИЈАЛНО: Куман останува уште една сезона во Барселона!