Нова трагична вест ја потресе македонската јавност. Уште еден млад ракометар почина. Станува збор за Марко Божиновски, членот на Бутел Скопје.
Божиновски е дете на Металург, пред две години настапуваше за вториот тим на овој клуб, а потоа го засили составот на Бутел Скопје. Тој беше дел од кадетската репрезентација, во него имаше огромен потенцијал.
Срцето на Божиновски за жал, откажало.
СПОРТМЕДИА испраќа сочувство до семејството на Марче!