Претседателот на Барселона Жоан Лапорта на денешна прес-конференција објави дека Роналд Куман останува на кормилото на каталонскиот клуб уште една сезона. Изминатите неколку недели се шпекулираше со иднината на Холанѓанецот по неуспесите во ЛШ и во Ла Лига, но Лапорта денеска објави дека Куман нема да си оди од „Ноу Камп“.
Тој посочи дека на состанокот со Бордот на директори одлучено е Куман да го продолжи проектот што го почна минатата сезона. Според каталонски „СПОРТ“ холандскиот тренер за идната сезона ќе добие помала годишна плата за разлика од претходно, меѓутоа има високи бонуси во случај на освоени титули.