Прилеп го осигура местото во Супер-лигата и следната сезона. Избраниците на Горан Кузманоски го совладаа лидерот Тиквеш со 32-28 на домашен терен со во последниот меч од плеј-аутот.
За жал и оваа средба почна со минута молчење во чест на Никола Даниловски и Марко Божиновски.
Дуелот почна изедначено, гостите на средината на вториот дел со два гола во низа дојдоа на плус два 6-8, имаа и 8-10, но домаќинот брзо се врати на полувремето беше 12-12. По одморот прилепчани ја засилија одбраната, почнаа да ја градат позитивата за сигурни три бода и голема радост, во последните десет минути беше 26-10. До крајот без проблем го завршија.
На останатите средби Радовиш ја оправда фаворитската улога, остварија пирова победа над Астраион од 38-15. Ракометарите на КЛ7 забележаа триумф го совладаа Работнички со 39-34 и испаднаа од Супер-лигата.