Македонската фудбалска репрезентација утринава го одработи тренингот, последен пред утрешниот пријателски натпревар против Казахстан на домашен терен. Мечот се игра на Ареата Тодор Проески со почеток од 18:00 часот, а идентично како и на мечот против Словенија, ќе биде дозволено да присуствува и публика.
Што се однесува до нашиот состав, селекторот Ангеловски на денешната официјална прес конференција изјави дека ќе комбинира, и дека ќе даде шанса на некои репрезентативци кои во принцип се во втор план, и дека ќе одмори некои од стандардните првотимци. Секако дека тоа е потребно, не се знае никогаш кој во кој момент ќе му затреба и ќе биде потребно да помогне.