По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Словачка 2022 година.
Македонските репрезентативци во рамките на истиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022 од страна на УО на РФМ беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против светскиот и олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра .
Машката ракометна репрезентација на Европското Првенство ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, и ќе се натпреварува во групата A против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.
Ова ќе биде седми пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018), Австрија (2020).