Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе биде четвртиот највозрасен фудбалер кој ќе игра на Европското првенство ова лето. Според пријавените списоци на селекторите на сите 24 репрезентации, само тројца фудбалери од оние кои ќе играат на Еуро 2020 се повозрасни од нашиот Гоче.
Највозрасен ќе биде голманот на холандската репрезентација Мартин Стекеленбрук кој на денот на почетокот на ЕП (11 јуни) ќе има полни 38 години и 281 ден. Зад него е уште еден голман, овој пат оној на селекцијата на Шкотска Крег Гордон, кој на почетокот на ЕП ќе има 38 години и 181 ден, а трет на листата на највозрасни е дефанзивецот на Португалија Пепе кој на првиот ден на евро-шампионатот ќе има 38 години и 124 дена.
Нашиот Гранде Пандев на 11 јуни ќе има точно 37 години и 338 дена што го прави четвртиот ајвозрасен учесник на Еуро 2020. Во ТОП 5 листата највозрасни има место и за рускиот репрезентативец Жиркоц со 37 години и 314 дена.