Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, иако се уште нема потпишано нов договор со клубот веќе објавил листа на фудбалери на кои нема да смета следната сезона и побарал од клупското раководство да ги продаде.
По освојувањето на Лигата на шампионите, Германецот е решен да нападне на трофејот во Премиер лигата, а за таа цел подготвува нов тим за следната сезона. На трансфер листата од постоечкиот кадар на „сините“ ќе одат дури 11 фудбалери!
Не е тајна дека Тухел сака да донесе тројца нови играчи ова лето, а на листата на оние кои не му се потребни се Фикајо Томори, Оливие Жиру, Тами Абрахам и Рос Баркли кои сигурно ќе го напуштат клубот. Како едно од имињата кои може да си одат е и Кристијан Пулишиќ, но исто така и Рубен Лофтус-Чик, Давиде Запакоста, Емерсон и Бакајоко.
Во тимот под водство на Тухел нема да има место ниту за младите Били Гилмор и Конор Галагер, но тие би можеле да одат на нова позајмица.