Успешен тест за Турција, Белгија одигра само нерешено со Грција (ВИДЕО)

156

Еден од главните фаворити за медал на европското првенство, селекцијата на Белгија, одигра само 1:1 на тест-натпреварот против Грција вечерва во Брисел. Иако Белгијците поведоа многу рано во 20. минута преку Торгн Азар, Грците успеаја во 66. минута преку Цавелас да се изборат за реми. Белгија финалниот тест пред ЕП ќе го има на 6 јуни против Хрватска.

Турците кои го отвораат Европското првенство, денеска имаа успешен тест против Молдавија. На дуелот во германски Падерборн, селекцијата предводена од Шенол Ѓунеш обезбеди победа од 2:0 со головите на Бурак Јилмаз и Џенгиз Ундер во второто полувреме.

Швајцарците во соседскиот дуел со Лихтенштајн имаа само полесен тренинг и забележаа фантастична победа од 7:0. Ова беше меч во кој Швајцарија ја подигнуваше голгетерската форма. Головите на мечот ги постигнаа Гаврановиќ (19′, 75′, 79′), Фаснахт (46′ и 70′), Фернандес (85′) и Фрик си постигна автогол во 57. минута.

ПретходноНашите претставници во Европа домашните мечеви ќе ги играат со публика!
СледноМакедонија со 0.02 насто шанси да биде еропски првак!