Финалистите од Лигата на шампионите оваа сезона, екипите на Челзи и Манчестер Сити ќе имаат најмногу свои фудбалери во дресовите на репрезентациите кои ќе учествуваат на Европското првенство.
Според пријавените состави на селекторите, и Челзи и Манчестер Сити ќе имаат по 15 свои фудбалери на ова Еуро 2020. Веднаш зад нив на листата е германскиот шампион Баерн (М) кој ќе испрати 14 свои првотимци во редовите на репрезентациите кои ќе се борат за европската титула, па понатаму на листата следуваат Јувентус со 12 и Динамо Киев и Манчестер Ј. со по 11 фудбалери.