Бројни критики стигнаа на адреса на селекторот на Холандија, Франк де Бур за неговото форсирање на системот 5-3-2 со кој играше и на вчерашниот меч со Шкотска. Иако тој го нарече 3-5-2, холандските аналитичари велат дека она што „лалињата“ го играа против Шкотска беше многу дефанзивно и во најголем дел со петмина во одбраната.
Франк де Бур на прес-конференцијата по мечот ја бранеше својата стратегија истакнувајќи дека Холандија на следните средби ќе изглед амногу пдообро и во овој систем на игра.
„Само еднаш го пробавме овој систем. Не треба да очекувате дека ќе играме како машина иако се надевате на тоа. Ми се чини јасно дека може и мора да биде подобро. Видов добри моменти, но можеби беа премалку. Убеден сум дека можеме да играме добро на овој начин. Мислам дека имаме и вистински играчи за овој систем на игра. Затоа воопшто не сум загрижен“, изјавил де Бур.