Цела Холандија му се смее на својот селектор!

1216

Франк де Бур, селекторот на Холандија, со која играме на 21 јуни на Евро, денеска стана хит на социјалните мрежи во својата земја откако денеска на пресот направи уште еден гаф. Нема што, со Де Бур се потсмева цела нација.

А, што направи селекторот на Холандија?

На прашањето на еден новинар, кој би можел да ја покрие таа позиција на десно крило на Евро, Де Бур “мртов ладен“ одговори:

“Мислам дека таа позиција добро би ја одработил Квинси Менинг“.

Проблемот е во тоа што Квинси Менинг воопшто не е повикан во селекцијата, веројатно Де Бур мислел на Квинси Промес.

По оваа следуваше жестока лавина од смешни коментари на фановите, кои го критизираа Де Бур дека не ги знае своите избраници.

ФОТО: Франк де Бур твитер

ПретходноЛоша вест: И вториот Ковид- тест на Барди е позитивен!
СледноЗубков и донесе победа на Украина против С. Ирска (ВИДЕО)