Чеферин: Од есен веројатно ќе имаме полни стадиони

172

Првиот човек на УЕФА, Александр Чеферин за интервју дадено вчера изјави дека за многу бргу навивачите комплетно ќе се вратат на трибините и дека фудбалот ќе почне нормално да функционира во поглемиот дел од Европа.

„Убаво беше да се видат навивачи на трибините на финалните мечеви од Лигата на Шампионите и Лигата на Европа. Тие мечеви покажаа дека полека се враќаме во нормала што не значи дека нема да се појават нови моменти. Еве ви пример со Велика Британија односно Германија каде што не можете да влезете без карантин поради новите варијанти на коронавирусот. Ситуацијата се менува од ден на ден што се вели и освен тој Германски проблем и мал проблем во Шкотска да речеме во суштина се е во ред“ – одговори Чеферин на прашањето дали е доведено во прашање одржувањето на ЕП во овие на овие две дестинации.

 

 

ПретходноТухел веќе „прецртал“ 11 имиња во Челзи, побарал три нови засилувања
Следно„Рисовите“ одработија пред Казахстан (Фотогалерија)