Шампионот денеска се “прозиваше“! (ФОТО)

3597

Како што и беше најавено, Шкендија од денеска е во “погон“. Имено нашиот шампион денеска ги стартуваше подготовките за она што ќе го очекува ова лето, а тоа е настап во квалификациите во Лигата на Шампионите, а потоа се знае, и во поход на двојната круна на домашна сцена.

Освежени, одморени, иако нема којзнае колку денови за одмор, фудбалерите се појавија денеска во клупските простории каде беше извршена прозивката. Од утре се очекува да стартуваат и тренинзите.

Инаку сите се во очекување на промоцијата на првите две летни засилување, Билали и Тимовски.

ПретходноЗубков и донесе победа на Украина против С. Ирска (ВИДЕО)
СледноНашите претставници во Европа домашните мечеви ќе ги играат со публика!