Данскиот напаѓач Никлас Бендтнер објави дека нема повеќе да игра фудбал. Данскиот интернационалец кој реализираше 30 гола во 81 меч за националниот тим одлучи да стави крај на професионалната кариера на 33 години.
Инаку ја почна кариерата во Арсенал во 2005 година и остана член на овој клуб се до 2014 година. Во тој период одигра и три сезони како позајмен играч во Бирмингем, Сандерленд и Јувентус.
По Арсенал, отиде во Волфзбург, па во Нотингем Форест, беше во Розенборг две сезони, па во Копенхаген и последен клуб му беше четвртолигашот Тарнби од Данска.
Ја освои Серија А со Јувентус, Купот на Германија со Волфзбург, потоа шампионскиот трофеј со Розенборг во 2017 и 2018 година како и Купот во 2018.
👏 Lord Nicklas Bendtner has announced he is retiring!
✅ More UCL Mins than Pele 🇧🇷
✅ More PL Goals than Maradona 🇦🇷
✅ More WC Games than Cantona 🇫🇷
✅ More FA Cup Goals than CR7 🇵🇹
😢 A sad day for football! pic.twitter.com/tiMDR4lgnW
— SPORF (@Sporf) June 3, 2021