Германија против Португалија за титулата на младинското ЕП! (видео)

368

FOTO> Twitter/UEFA U21 EURO

Репрезентациите на Германија и на Португалија ќе се соочат во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Словенија и Унгарија. Португалците изборија место во финалето со победата над Шпанија со 1:0 благодарение на автоголот на Куенка во 80 минута.

Шпанците нема да имаат можност да ја бранат европската титула освоена во 2019 година.

 

Но затоа Германија трет пат по ред е финалист на ЕП. Германците вечерва со 2:1 ја победија Холандија. Уште во првите осум минути Германците поведоа со 2:0 со двата гола на играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Во вториот дел Холанѓаните само намалија преку Пер Шурс.

Финалето ќе се игра на 6 јуни на „Стожице“ во Љубљана со почеток од 21:00 часот.

ПретходноМакедонија со 0.02 насто шанси да биде еропски првак!
СледноВистински фраер: Агуеро на заминување на економот на Сити му подари скапоцен автомобил (ВИДЕО)