Покрај селекторот Игор Ангеловски на денешната прес конференција која е најава за утрешниот пријателски меч против Казахстан на домашен терен со почеток од 18:00, се појави и стрелецот на единствениот гол за нас на претходниот пријателски меч против Словенија, Елиф Елмас.
„Секако дека со нетрпение очекуваме да почне тоа Европско првенство и да ја претставиме Македонија во најдобро светло. На утрешниот натпревар планираме да одиграме одговорно да ги исполниме задачите на селекторот и нормално да триумфираме, затоа што Македонија секогаш оди на победа“ – изјави Елиф Елмас.