Првата тенисерка на светот, Ешли Барти е елиминирана од понатамошните борби на овогодинешиот Ролан Гарос.
Таа мораше да го предаде денешниот меч против претставничката од Полска, Магда Линет, поради болки во колкот.
Австралијката која е освојувач на титулата на Ролан Гарос во 2019 година, го предаде мечот при резултат 1:6, 2:2.
Па така, Линет минува во третото коло каде што ќе се сретне со претставничката на Тунис, Онс Џабир.