Казахстанците “заглавија“ на аеродромот во Скопје, па ФФМ мораше да помага!

10029

Утре во 18 часот нашата репрезентација ќе ја одигра втората контрола пред ЕП, ривал ни е селекцијата на Казахстан. Инаку експедицијата на оваа репрезенатција синоќа имаше непријатности на аеродромот во Скопје, и тоа своја вина, па затоа беше “заглавена“ неколку часа. Едноставно голем дел од членовите на казахстанската експедиција ги немаа потребните визи за влез во Македонија. Ове поради фактот дека администрацијата на нивниот сојуз направи голем пропуст.

Со цел се да биде како што треба, гостите да можат да влезат во Македонија и утре да го одиграат натпреварот со нашите “рисови“, своја улога одиграле и челниците на нашата Фудбалска федерација, кои помогнале сета оваа непријатност да се реши.

Па така по неколку часа минати на скопскиот аеродром гостите од Казахстан сепак успеале да пристигнат во хотелот во Скопје каде што сега се во очекување на попладневниот тренинг и утрешниот пријателски меч со нашата селекција.

ПретходноХоланѓаните го нападнаа Де Бур за системот 5-3-2, тој вели дека е идеален за оваа селекција
СледноУ-21: Надежите попладнево на тест со Словенија