Лоша вест од нашиот национален табор. И вториот тест на Ковид-19 на Енис Барди е позитивен.
Тој денеска одново се тестираше, по оној прв тест од пред неколку дена кој ја шокира цела фудбалска јавност.
Барди и натаму се наоѓа во карантин во хотелот “Хилтон“, нема контакти со останатите членови на нашата репрезентација.
Сега е трка со времето. Имено експедицијата, односно репрезентацијата и стручниот штаб, во вторник со чартер лета за Букурешт, каде на 13 јуни против Австрија ќе го одигра својот прв историски натпревар на Евро 2020.
Повеќе од јасно е дека без негативен тест Барди нема шанси да биде заедно со останатите своите репрезентативни колеги.
Да се надеваме дека до вторник, Барди сепак ќе биде негативен.