Менаџерот на Роналдо ги почна преговорите со ПСЖ!

479

Нема веќе дилеми. Кристијано Роналдо е пред портите на ПСЖ. Како што утринава јавуваат француските медиуми, Жорге Мендеш, менаџерот на супер – ѕвездата, веќе почнал преговори со челниците на „светците“, поточно со Ал – Келаифи, шеикот и првиот човек на клубот од Париз.

Јасно е дека Лео Меси ќе остане во Барселона, па затоа ПСЖ се врти кон Роналдо кој е на излезна врата од Јувентус. Италијанскиот гигант сака по секоја цена да се ослободи од Португалецот, па затоа би се задоволил и со отштета од околу 25 милиони евра, иако за Роналдо кога доаѓаше во Италија даде дури 100 милиони.

ПСЖ знае дека има проблем со Мбапе. Имено младиот напаѓач кога тогаш ќе оди во Реал, па затоа го сака Роналдо барем да покрие дел од спонзорските загуби.

ПСЖ јасно ставил до знаење дека нема шанси да му дава годишна плата од 35 милиони евра на Роналдо, она што тој го зема во Јуве, но затоа во целата оваа игра влегува и „Најк“.

Јасно е дека фамозниот Мендеш ќе започне преговори со некој клуб, тие обично завршуваат со потпис.

На крај да кажеме дека за овој трансфер “притиска“ и Нејмар, кој бил воодушевен од идејата да игра заедно со Роналдо.

Во преговорите за овој трансфер влегува и Икарди, кој од ПСЖ би заминал во Јуве, како дел од пакетот наречен “Роналдо во ПСЖ“.

ПретходноБорко Ристовски со „огнени стрели“: Малите луѓе од Битола не можеа да се помират дека губеа со 11 разлика
СледноДеспотовски пред полуфиналето: На хартија сме подобри од Хрватска, треба да потврдиме на терен