Истанбул повторно извиси: Суперкупот ќе се игра во Белфаст!

181

УЕФА Суперкупот на Европа меѓу Челзи и Виљареал ќе се игра во Белфаст на 11 август, објавени денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Првично беше објавено дека Истанбул, кој ја загуби организацијата на финалето од Лигата на шампионите ќе ја добие организацијата на Суперкупот, како форма на обештетување, но и тоа не се случи.

Поради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, Турците останаа и без ова натпреварување. Финалето, сепак, ќе се игра во Белфаст.

Детали во врска со продажбата на билети и колку навивачи ќе можат да влезат на стадионот „Виндзор Парк“, каде што ќе се игра мечот за трофејот, ќе бидат објавени подоцна.

ПретходноСимиќ со шест поени на стартот на јуниорската Евролига
СледноБесмир Бојку за посилна Струга Трим Љум