Италија вечерва во пријателски натпревар ја совлада Чешка со убедливи 4-0 во Болоња. „Азурите“ одиграа добар меч, на седум дена пред почетокот на ЕУРО направија одличен вовед.
Италија вечерва во пријателски натпревар ја совлада Чешка со убедливи 4-0 во Болоња. „Азурите“ одиграа добар меч, на седум дена пред почетокот на ЕУРО направија одличен вовед.
Избраниците на Роберто Манчини по два гола постигнаа во двете полувремиња. Чиро Имобиле во 23. минута погоди за 1-0, пред крајот на првиот дел Барела зголеми на 2-0. Инсиње во 66. минута реализираше за 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Берарди.
Убедлива победа оствари и Словенија, без проблеми го совладаа Гибралтар со 6-0.