Аргентина и Чиле одиграа 1:1 во синоќешниот меч од квалификациите за СП 2022. Лионел Меси погоди за домаќините од пенал во 23-та минута, а Алексис Санчез израмни на 1:1 во 36-тата минута. Нерешениот резултат ги спречи „гаучосите“ да го преземат лидерското место во квалификациите во Ј. Америка и останаа на второто место, со еден бод помалку од лидерот Бразил. Чилеанците имаат само една победа по првите 5 кола и ја заземаат седмата позиција.
Мечот се играше пред празни трибини, а пред да започне беше откриена статуата на Диего Марадона, кој почина во ноември минатата година. Аргентинците излегоа со специјални маици во спомен на легендата.
Следниот натпревар на Аргентина е против Колумбија во вторник. Чилеанците, кои денеска ги водеше новиот селектор Мартин Лазарте, ќе бидат домаќини на Боливија.
Уругвај разочара со ремито против Парагвај играјќи без голови, 0:0. Боливија ја забележа првата победа во квалификациите, совладувајќи ја Венецуела со 3:1, додека најубедливата победа а оствари Колумбија, која со 3.0 славеше на гости кај Перу.