Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски нормално без еуфорија поради одличниот и пред се убедлив настап на нашата репрезентација против Казахстан, рече дека сега е време за концентрација на она што следува, а радувањето му го остава на македонскиот народ затоа што заслужил да се радува на секој триумф на нашиот состав.
„Целта и беше на овие два меча да испробаме тактички варијанти но и индивидуално да одиграме минутажа која ни е потреба. Не треба да не фаќа еуфирија, нормално, тоа му го оставаме на Македонскиот народ, а ние се концентрираме на она што следува. Она што јавноста го најавила, дека Македонија денеска ќе игра со вториот состав можам да го искоментирам идентично како што секогаш го правам тоа. Оние кои ќе излезат на терен се првите единаесет на Македонија“, изјави селекторот Ангеловски.
Ристовски, Чурлинов, Костадинов се иднината на оваа репрезентација. Тие добија честитки од предвоникот на нашиот најдобар национален тим.
„Би им честитал за настапот на Ристовски, Чурлинов и на Костадинов за играта. Им честитам на головите. Чурлинов ако добро се сеќавам е најмладиот дебитант во репрезентацијата. Милан Ристовски своевремено јас како тренер го уфрлив во игра за Работнички против Рубин Казан. Нивните квалитети ми се добро познати, а јас уште при соопштувањето на списокот реков мора да се мисли и на иднината на оваа репрезентација“.