Англичаните не отпишаа: Македонија ќе биде последна во групата „Ц“

1292

Англискиот портал „GiveMeSport“ тврди дека Македонија не само што нема шанси да ја мине групата на Европското првенство ова лето, туку сигурно ќе биде на последното место зад Австија, Украина и Холандија.

Според прогнозите на англиските новинари, Македонија ќе биде најслабопласирана во групата „Ц“, а останатите селекции кои ќе бидат последни во преостанатите пет групи се Швајцарија, Финска, Чешка, Словачка и Унгарија.

Сепак, во анализата дополнително се вели дека Македонија, сепак, не е без шанси на средбите со Австрија и Украина, додека против Холандија однапред не отпишаа. Ова е уште еден мотив и предизвик за нашите момци да се покажат во многу поинакво светло на ова ЕП од она кое го очекуваат останатите земји учеснички на првенството на Стариот континент.

Претходно“Рисовите“ против Казахстан ја имаат “генералката“ за ЕП
СледноСе чека промоција: Антонио Конте и Тотенхем по 48 часа преговори си подале рака!