Барса ја прегази Валенсија, 16 поени на Симиќ и само едно промашување!

141

Екипата на Барселона дојде и до втората победа на турнирот на јуниорската Евролига кој се одржува во Валенсија. Тимот за кој настапува нашиот млад репрезентативец Теодор Симиќ, славеше убедлив триумф (109:48) против домаќинот.

Симиќ средбата ја заврши со 16 поени за 20:16 минути во игра. Имаше само едно промашување, 5/6 за два и 6/6 за еден поен. Зад своето име запиша седум скока и три асистенции.

Утре, од 16.часот. во „Фонтета“, во решавачкиот дуел за првото место во групата „Б“, тимот од „Блауграна“ за противник го има одличниот српски состав Мега СокерБет, која исто така запиша две победи во два натпревари.

ПретходноВуков ја започнува сезоната со ноќна трка во Римини
СледноНишто од Милан, Жиру потпиша нов договор со Челзи