Бајсуфанов: Противникот едноставно беше поквалитетен, Пандев иако е ветеран е вистински мајстор

3348

Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Талгат Бајсуфанов, нормално дека не може да биде задоволен од она што неговите избраници го одиграа вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје против Македонија. Загубија со 4:0, а можеа да примат уште минимум толку голови затоа што нашата репрезентација реално одигра за класа поробро од противникот.

„Морам да ви честитам за победата затоа што против нас имавме многу квалитетен натпревар. Ова е пријателски натпревар и ние ќе се подобриме во иднина. Направивме многу грешки во одбрана, и тоа не чинеше пораз. Резултатот не е поволен за нас, затоа што противникот едноставно беше поквалитетен“, изјави Бајсуфанов.

Предводникот на овој национален тим испрати комплименти на сметка на македонската репрезентација,

„Да не се лажеме, Македонија е слична на Украина. Вашиот тим има одличен контра напад, и предизвик беше да се игра против вас. Нашиот состав е млад немаме премногу искуство, а ние немавме начин како да наметнеме наша игра и да го деконцентрираме противникот. Дефанзивата на Македонија е на највисоко ниво, а Пандев иако е ветеран покажа дека е вистински мајстор“.

ПретходноОдлична Македонија: Рафал за Казахстан за јуриш на ЕП! (ВИДЕО)
СледноСамо за Македонија: Публиката уживаше на Арената! (ФОТО)