Бенфика и натаму е опција за Елмас, но Наполи не го пушта ни за 20 милиони евра!

386

И ова лето се повторува приказната од зимскиот преоден рок кога станува збор за Елиф Елмас, за нашиот дијамант и фудбалер на Наполи. Имено португалскиот гигант, Бенфика од Лисабон, и натаму е опција за Македонецот. Има контакти меѓу менаџерите, има силен интерес од страна на клубот од Лисабон. Се споменува дури и сума од 20 милиони евра кои Наполи би ги добил како отштета за евентуалниот трансфер.

Сепак, како што пренесуваат денеска медиумите во Италија, раководството на Наполи тешко дека ќе го пушти Елмас да прави трансфер во Португалија. Познато е дека нов стратег на тимот е Лучијано Спалети, од него се очекува да му дава поголема минутажа на Елмас, а се очекува и да го скрати списокот на играчи кои моментално ги има во клубот. И тој, но и првите луѓе на Наполи, сметаат дека од Елмас допрва треба да се очекуваат квалитетни игри во синиот дрес на клубот од под Везув.

Да споменеме дека со такво нешто се сложува и “Кориере дело Спорт“, кој го нарече Елмас -“Скапоцен камен кој заведува на прв поглед“, се разбира во фудбалска смисла.

ПретходноАпсење на Ролан Гарос поради местење на натпревар
СледноСо победа да одиме на Евро 2020!