Немања Којчиќ, досегашниот член на српскиот лигаш Кабел е опција за тимот на Брегалница. Штипјани на големо се подготвуваат за прва лига, а во таа насока секако дека посакуваат што подобро да го подготват својот ростер.
Па така, дознаваме дека стоперот од Србија е опција за пристигнување во Штип, а дали дефинитивно овој трансфер ќе се оствари останува да видиме во следните неколку дена.