Иван Чупиќ засекогаш ќе остане меѓу клупските легенди. Пред да го напушти Скопје, играчите заедно со Ласте и Ждаре од фанклубот од Драчево му подготвија изненадување на хрватскиот репрезентативец. Подарок на оваа заедничка вечерва доби и Сергеј Горбок.
„Подароците од соиграчите и фанклубот беа само предмети кои треба да го потсетуваат „Чупко“ на убавите моменти во Вардар. А и клубот им се заблагодари на Ласте и Жаре за нивната поддршка сите овие сезони, со надеж дека заедно ќе се радуваме на нови успеси.
На прославата подарок по завршувањето на играњето за Вардар доби и Сергеј Горбок. Традицијата да им се доделуваат врамени дресови беше за момент прекината поради пандемијата, но клубот не го заборави Горбок кој исто така беше дел од историските успеси на „црвено-црните.
Остануваат уште два натпревари за Вардар сезонава, и тоа во СЕХА лигата против Металопластика, во понеделеник и вторник, по што ќе се замине на заслужен одмор“, сооштија од Вардар.