Вујовиќ: Ова е голема чест, сакам Вардар да го однесам на фајнл-фор!

470

Веселин Вујовиќ се враќа во Вардар по пауза од осум години. Миленикот на фановите на „црено-црните“ е среќен што се враќа во Скопје, среќен е што ја добил довербата од страна Михајло Михајловски.

„Од моето заминување, мојот однос никогаш не се промени. Ова е моето трето враќање во Вардар, се надевам дека ќе биде успешно како претходните две. Во меѓувреме Вардар беше двапати првак, што е незамисливло за овие простори. Вардар е бренд.

Среќен сум што Михајловски одлучи јас да бидам тренер на Вардар. Иако тимот не е ист, сепак за мене беше голем предизвик. Со младите играчи од Македонија да направиме еден добар состав. Михајло ги кажа неговите цели, јас како тренер секогаш сакам да исполнам повеќе од тоа што треба.

Михајло го спаси Вардар кога требаше да згасне, очекувам да тргне тимот кон подобар. Македонија е мој втор дом, едвај чекам да почнат подготовките. Мојата на најголема желба е да го однесам Вардар на фајнл-фор“, изјави Вујовиќ на денешната прес-конференција. 

ПретходноМихајловски го откри составот на Вардар за следната сезона (ФОТО)
СледноЃуроски со МВП титула на првата рунда од полуфиналето