Ракометниот клуб Е.Пелистер предмалку објави дека ја продолжува соработката со стандардниот нејзин член во изминатиот период, Елмир Граџан на уште една година. Соработката е потпишана на обострано задоволство, затоа што очигледно дека и Е.Пелистер и самиот интернационалец од БИХ се презадоволни од истата.
„Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам и следната сезона да бидеме успешни, да бидеме поуспешни и да донесеме некои титули во Битола. Ова беше чудна сезона за сите нас“ – вели интернационалецот од Босна па додава.
„Игравме пред празни трибини против големи екипи како ГОГ Гудме, Вардар и многу други и моравме да се бориме без нашиот дополнителен играч, „Чкембарите“. Се надевам дека следната сезона и во тој правец ќе биде подобро и навивачите ќе ни помогнат за остварување на нашите планови“ – изјави Граџан.