Анџелика Митрашиновиќ по кратка пауза ја продолжува својата интернационална кариера. Македонската репрезентативка се врати во Македонија, откако нејзините обврски завршија со Будуќност.
Го облече дресот на Баскет Кам и се покажа како вистинско засилување. Таа го предводеше тимот од Македонска Каменица до двојната титула. По завршување на шампионатот, веднаш најде нов меѓународен ангажман, од следната сезона ќе го носи дресот на францускиот Тарб. Станува збор за екипа која минатата сезона ја заврши на осмото место на табелата.