Кавадарчани не се предаваат, најавуваат борба до последен здив против МЗТ Скопје

187

Денеска (17 часот) се игра вториот финален натпревар во плеј-офот. Еуро Никел е домаќин на МЗТ Скопје, кој пак има шанса да се најде на победа до пехарот и воедно истиот да го подигне на свој терен.

Но, нема да биде лесно за „сино-белите“. Иако кавадарчани играат во Гевгелија, сепак ништо нема да ги спречи оваа финална серија да ја направат неизвесна и притоа да се обидат по пресврт да стават крај на долгиот пост кога станува збор за пехарите во домашниот шампионат.

Ја згубија првата битка во Скопје, уморни се, оти секој ден патуваат од Кавадарци за Гевгелија, но желбата да се надигруваат е голема.

„Во изминатиот краток период, гледавме да се одмориме што е можно повеќе утре. Секојдневно патуваме на релација Кавадарци-Гевгелија. Премногу е напорно со оглед на тоа што имаме помал број на играчи, но повторно ние сме професионалци и не се откажуваме. Допрва ќе видат сите дека ние не се откажуваме, ова е само прв натпревар, ќе се бориме до последен здив, па нека победи подобриот“, изјави Самарџиев.

На другата страна, Дарко Радуловиќ и неговите момци се свесни дека мора да играат многу подобро од првата средба, на која имаа проблеми, но на голема среќа дојдоа до триумфот.

„Еуро Никел 2005 е доста искусна екипа. Можат да погодат шутеви од далеку, а за разлика од нив, на првиот меч ние во нападот не реализиравме од доста поволни ситуации за тоа. Но тоа е спортот, и навистина не треба многу дискутирање. Јасно е дека треба да ја поправиме играта’два на два’. Но мислам дека сме на добар пат“, изјави Радуловиќ.

ПретходноМукаетов до Лазаров: Ќе навиваме за вас, знам дека ќе изненадите!
СледноСтартуваше проектот Фудбалот против дискриминацијата