Ливерпул почнува преговори за нов договор на голманот Алисон

215

Раководството на Ливерпул тргнува во преговори со Алисон Бекер за нов договор, тврди Би-Би-Си. Бразилскиот репрезентативец во моментов се подготвува со националниот тим за Копа Америка, но по неговото враќање во Англија, разговорите ќе започнат. Актуелниот договор на Алисон истекува во 2024 година.

28-годишниот Бразилец постигна неверојатен гол во дополнителното време на натпреварот против Вест Бромвич минатиот месец, што се покажа клучно за тимот да влезе во ТОП 4 и на крајот да заврши на третото место. Овој гол беше избран и за гол на сезоната во Ливерпул.

Засега нема информациишто „црвените“ ќе му понудат на Бразилецот, но некои информации велат дека договорот ќе биде продолжен до 2025 година со значително зголемување на платата.

ПретходноСе чека промоција: Антонио Конте и Тотенхем по 48 часа преговори си подале рака!
СледноМукаетов до Лазаров: Ќе навиваме за вас, знам дека ќе изненадите!