Мрме: Барди ќе го чекаме до последно!

1291

Енис Барди и натаму е надвор од стројот, добро е познато дека и вториот тест за Ковид-19 беше позитивен. Во целата ситуација е добро што нема никакви симптоми и тој тренира индивидуално.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Игор Ангеловски порача дека до последно ќе го чекаат, нема да се откажат од него, иако засега е тешко да се даде одговор на прашањето за Барди.

„Секое прашање за ситуацијата со Енис Барди е многу тешко. Има ли селектор кој не би се одлучил за него доколку се е во ред. Позитивен е да, но тој нема симптоми, тренира индивидуално, и се надеваме на поволен развој на настаните. Оние кои настапија одиграа одлично, Велковски, Адеми, воопшто не настапија, што значи дека имаме се поголем број на квалитетни фудбалери на кои може да сметаме во секој момент“, потенцираше Ангеловски на прашање околу ситуацијата и статусот на Енис Барди во моментов.

ПретходноМилан Ристовски – Дарко Чурлинов: Младите ЛАВОВИ на сцена!
СледноСтефан му честиташе на Милан: Браво братче (ФОТО)