Мукаетов до Лазаров: Ќе навиваме за вас, знам дека ќе изненадите!

699

Во моментов се одржува седница на Управен одбор при РФМ, поради пандемијата коронавирус, истата е он-лајн. За првпат присутен е Кирил Лазаров, селекторот на нашата најдобра репрезентација.

Пред да се почне со точките на дневен ред, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов му се обрати на Лазаров. Македонската гол-машина со Нант се учесници на фајнл-фор завршницата, па претседателот на РФМ му посака среќа и секако најави дека ќе навива за нив.

„Подготвени сме за фајнл форот, дојдовме до главното, остануваат уште десет дена за подготовка“, рече Кире.

„Ќе навиваме сите за вас, знам дека ќе не изненадите пријатно, како секогаш“, му порача Мукаетов на Кире.

Лазаров и Нант во полуфиналето силите ќе ги одмерат против Барселона.

ПретходноЛиверпул почнува преговори за нов договор на голманот Алисон
СледноКавадарчани не се предаваат, најавуваат борба до последен здив против МЗТ Скопје