Ништо од Милан, Жиру потпиша нов договор со Челзи

134

Францускиот напаѓач Оливие Жиру нема да ги напушти редовите на европскиот шампион Челзи. Иако се споменуваше дека одбил да преговара за продолжување на соработката, сепак, двете страни дошле до договор. Жиру останува на „Стемфорд Бриџ“ што значи дека нема ништо од негов трансфер во Милан со кого се поврзуваше изминатите две недели.

Челзи објави дека договорот на Жиру е продолжен на една година. Со тоа Челзи продолжи со важната работа во текот на ова лето, го продолжи договорот со Томас Тухел, потоа со Тијаго Силва, сега со Жиру…

Foto> Twitter

ПретходноБарса ја прегази Валенсија, 16 поени на Симиќ и само едно промашување!
СледноМедведев врза три победи на Ролан Гарос, а претходно немаше ниту една