Осумина „вардарци“ си одат, седум се потпишани!

8306

Вардар 1961 дефинитивно следната сезона ќе има поинаков лик. Денеска на прес-конференција првиот човек на клубот, Михајло Михајловски го отвори картите, го сподели новиот состав.

Според Михајловски, овој тим треба да биде 40% подобар од годинешниот, 10% на силата на Вардар ја носи Веселин Вујовиќ, кој по третпат ќе застане на „кормилото“ на овој тим, доаѓа на местото на Стевче Алушовски.

Дефинитивно составот ќе претрпи голема реконструкција. Листата на нови играчи и листата на оние кои си заминуваат е голема.

Од „златната“ генерација си одат тројца ракометари, „моторот“ во тимот – Иван Чупиќ, големиот борец, Глеб Калараш и Кристијан Дисингер. На овие двајца ракометари им се приклучија Марко Кизиќ, Јосип Векиќ, Робин Кантегрел, Ловро Јотиќ, Васко Шеваљевиќ.

Нови момци кои треба да ги исполнат амбиците на Михајловски, четвртфинале во ЛШ, Ф4 во СЕХА и одбрана на двете титули се: Мартин Томовски и Али Сафар, кои заедно со Борко Ристовски ќе бидат главните чувари на мрежата.

На левата крилна позиција на Тимур Дибиров и Димитар Димитриоски, друштво ќе има прави Јан Чувара. Десната крилна позиција ќе ја засили Дарко Ѓукиќ, кој доаѓа од Спортинг, заедно со Гоце Георгиевски ќе го носат товарот.

Кај пивотмените, Стојанче Стоилов и Патрик Валчак ќе имаат помош од Џереми Тото од Висла Плоцк.

Вардар има нов лев бек, тоа е Анте Кудуз, хрватскиот ракометар кој беше дел од Динамо Букурешт. Тој ќе има прави друштво на Филип Талески и Марко Мишевски.

Едно од најголемите имиња кои засега Вардар ги потпиша е Едуардо Гурбиндо на десната бековска позиција, таму е Томислав Јагуриновски. Нема промени само кај средбите бекови, Анте Гаџа и Мартин Карапалевски, засега фигурираат на списокот, кој е надополнет со неколку млади имиња.

Но, како што најави Вујовиќ до стартот на подготовките сигурно ќе потпишат уште некој ракометар.

Земено се, Вардар го напуштаат осум ракометари, доаѓаат седумина нови имиња.

ПретходноРаботнички се раздели со Мираковски!
СледноЗема две титули во Македонија, па се сели во Франција