Македонија има водство од 1:0 против Казахстан по првите 45.минути на пријателскиот меч кој се игра вечерва на Арената во Скопје. Добра, агресивна, доминантна игра на “рисовите“, создадоа барем 3-4 шанси, но водечкиот гол падна од пенал.
Се играше 35.минута кога Бејсебеков го фаулира Елмас во казнетиот простор на гостите, а судјата Милачиќ покажа на белата точка. Сигурен пеналџија беше Алиоски за водство од 1:0. Со тој резултат се замина на пауза.
Во последните секунди мала тензија на теренот, судијата ја смира со црвен картон за Мужиков. Непотребна остра игра на гостите, посебно на Мужиков врз Кире Ристевски.