Работнички се раздели со Мираковски!

2115

Работнички по раната елиминација во плеј-офот почна со реконструкција на тимот. Раководството на клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Димитар Мираковски.

Популарниот Мите на клупата на најтрофејниот кошаркарски колектив дојде пред две години на местото на Марин Докузовски. Токму во 2019 години по завршувањето на својата играчка кариера како член на „црвен-белите“ доби шанса да продолжи како стратег.

Првата сезона не беше завршена поради пандемијата на коронавирус, но оваа во финалето на Купот на Македонија беше совладан од МЗТ Скопје, додека во плеј-офот беше елиминиран од Еуро Никел.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Мираковски.

ПретходноШпанија и Португалија скромно – без голови (ВИДЕО)
СледноОсумина „вардарци“ си одат, седум се потпишани!